Биографија

Лионел Андрес Меси роден на 24 јуни 1987) е аргентински фудбалер кој игра за Барселона и репрезентацијата на Аргентина. Се смета за еден од најдобрите фудбалери на својата генерација,а често и за најдобар фудбалер во светот,[6] со неколку номинации за Златна топка и Играч на годината до својата 21. година, а веќе на 22 ги доби и двете.Неговиот стил и вештина потсетуваат на оние на Диего Марадона, кој и самиот го прогласи Меси за свој „наследник“.

Своето неофицијално деби, Меси го направи играјќи за првата постава против Порто во ноември 2005 година (на 16 годишна возраст). Една година подоцна го направи своето официјално деби против Еспањол, во октомври 2004 година, како трет најмлад играч на сите времиња кои играле за ФК Барселона и како најмлад играч во Лигата (рекордот го сруши неговиот клупски колега Бојан Кркиќ, во септември 2007 година).

Во јуни 2004 година, тој дебитираше за Аргентина, играјќи во младинскиот состав под 20 години во мечот против Парагвај. Во 2005 година, тој беше дел од тимот на нови талентирани играчи кои го освоија Младинскиот Светски Шампионат 2005, во Холандија. Таму, Меси ја освои наградата за најдобар играч на турнирот, а беше и најдобар стрелец. На 4 август 2005 година, Жозе Пекерман го повика Меси во сениорскиот национален тим на Аргентина. Своето деби тој го направи на свои 18 години и 54 денови, на 17 август во мечот против Унгарија, но не беше деби кое требаше да се запамети. Тој влезе во игра во 63-та минута, но поради ударот со лакт на противничкиот одбрамбен играч, Вилмос Вансчак (кој го повлече Меси за дресот), судијата Маркус Мерк го испрати надвор од теренот по само 40 секунди. Одлуката била спорна. Дури и Марадона тврдел дека одлуката била претенденциозна. Првиот меѓународен настап на Меси бил на 3 септември во квалификациите за Светското Првенство каде што Аргентина доживеала пораз од Парагвај, со 1:0, на гостински терен. Пред натпреварот, тој изјави: Ова е правото деби. Првото траеше многу кратко. На 28 март 2009 година, во натпреварот од квалификациите за Светското Првенство против Венецуела, Лионел Меси за прв пат го носеше толку многу посакуваниот аргентински сениорски национален дрес со број 10. Ова беше првиот официјален натпревар за Диего Марадона како селектор на Аргентина. Аргентина победи во натпреварот со 4:0, а Лионел Меси ја отвори серијата на голови.

Полно име Лионел Андрес Меси
Роден на 24 јуни 1987 (24 г.)
Роден во    Росарио, Аргентина
Висина 169 m (554 ft)[1]
Положба Напаѓач/Крило
Клупски податоци
Сегашен клуб ФК Барселона
Број 10